„За не дај Боже“

Животот не е само стремеж кон среќата, животот е убав со сите негови составни делови. Со среќата, тагата, добрите и лошите искуства. Затоа што животот е сè она од што се состои. Нема целост во една половина. Сите случувања во животот претставуваат благослов доколку се сфатат свесно и правилно. Впрочем нема зло без добро и добро без зло. Тие постојат за да се сфати суштината  на било која вредност.

Во моментите на тага и болка, ни треба доплнителна сила или помош.  „За не дај Боже“ вели народот, а токму таа народна мудрост  е најдобро отсликана во мотото на „Каменорезец Жди“.

Станува збор за фамилијарна компанија чија основна дејност е: изработка и гравирање на букви на камен, стакло и дрво, како и изработка на гранитни и порцелански слики и целосна подготовка и поставување на надгробни споменици.

 - Вредности врз кои се темели нашето работење се воспоставување одржливи односи со клиентите, базирани на искреност и чесност, како и постојано усовршување и унапредување на работењето, се со цел да се излезе во пресрет на потребите на клиентите, пишува на нивниот ВЕБ САЈТ

Иако, професијата на оваа компанија е навистина отсликана во мотото „За не дај Боже“, станува збор големи професионалци кои ги ценат фамилијарните вредности и маката на клиентите. 

Сите услуги кои ги нудат и контакт телефони можете да ги погледнете ТУКА

„За не дај Боже“

 

Коментари

Популарно