Аца Лукас: На тие мајмуни ќе им ги извадам очите

Веќе седумнаесет пати се враќа од мртвите, односно слуша за себе дека починал. Не е лесен животот на познатите пејачи на Балканот, а се чини Аца Лукас е рекордер во оваа категорија.

„Мене навистина не ме погоди. Првите три – четири пати беа критични, а потоа ми беше полесно. Првиот пат сите ми се јавуваат и молчат, а еден другар ми кажа: „Ацо, ти ли си“? Јас сум. Па, пишува дека си умрел“. Па умрев, сега сум на својот погреб има многу луѓе“ се пошегува Лукас на своја сметка и додава.

„Јас првиот пат правев драма. Мајка ми плачеше иако седев пред неа. Кого да тужам, кога тој профил е лажен. Единствено, можам да ги најдам тие идиоти и да ги удрам по глава, да ги претепам бидејќи на друг начин не може да ги научиш или доколку има закон да одат во затвор. Можам да ги најдам многу лесно“ вели пејачот во Утринската програма на „Пинк“ и додава:

„На социјалните мрежи некој кретен може да пишува што сака, глупости за мене, Слоба, Брена бидејќи е љубоморен, жената го тепа дома не смее ништо да и каже,или живее со мајка му. Има 57 години и никогаш не се омажил, такви луѓе седат дома и плукаат по успешните луѓе. Јас не се нервирам, но, ако некогаш напишат лошо за моите деца, на таквите мајмуни ќе им ги извадам очите, еве јавно кажувам“ вели револтирано пејачот.

Коментари

Популарно