Дарко Лазиќ: Јас сум виновен за сè

По страшната сообраќајка од која едвај се извлече, српскиот пејач Дарко Лазиќ се опоравува во бања во близината на Белград. 

Во интервју за српски „Курир“ пејачот вели дека ја научил лекцијата.

„Морам да го намалам брзото темпо на живот, да бидам посериозен. За жал, јас ова го сфатив на овој начин, некои луѓе мора да поминат низ вакви ситуации за да сфатат. Не сакам да се сеќавам на тоа бидејќи се нервирам. Многу сум бесен на себе. Се обивинувам. Јас сум виновен за се“ вели Дарко.

„За жал, за некои луѓе што очекував да бида тука не се,ниту пратија порака,ниту се јавија. Тоа е нивен избор. Секако, во иднина ќе гледам различно на тоа“ вели пејачот.

Коментари

Популарно