Новата секси играчка за жени не доби награда

Компанијата која се занимава со производство на секси играчки Lora Di Carlo планираше да го престави својот производ за жени на саемот за електронски апарати  CES кој се одржа во ЛА. Компанијата очекуваше да освои награда за иновација , ама ништо не се случи од тоа поради одлука на организаторот.

Имено организаторот  на саемот одлучил да ја укине наградата  и можноста компанијата да ја добие наградата, како што наведуваат критичарите поради смешни „причини“.

Првиот прозивод на компанијата Lore Di Carlo под името Ose Robotic Massager  ја освои почесната „ознака“ требаше да ја  освои наградата во категоријата на дронови и роботика. Меѓутоа организаторите го оцениле производот како неморален и непристоен.

Овој саем е  долго време критикуван зарад „исклучување“ на жените, на изминатите два саема немаше ниту еден говорник-жена а минатата година само 1/5 од учесниците на истиот беа жени.

Според критичарите Lora Di Carlo можеше да му помогне на саемот за да ги престави сите жени, заедно со масажерот кој е дизајниран за нив.

Потпаролот на CES изјави дека секси масажерот не доби награда заради  тоа што немаше категорија за тоа??  Со ова не се сложуваат од компанијата кои тврдат дека нивниот производ е компатибилен во категоријата на роботи и дронови.

Со преставувањето на  две прво смукалки, четири играчки за деца и еден робот за шопинг, изгледа дека се покриени сите полиња на интерес на жената иронично прокоментираа од компанијата.

Коментари

Популарно