Што открива вашата новогодишна елка за вас

Уредувањето на домот кажува многу за вашиот карактер, па така и китењето на новогодишната елка може да ја открие вашата сентиментална страна. Лампионите и сите останати детали кои ги закачивте, откриваат мали сегменти за вашите желби и интереси.

Ставате златна ѕвезда на врвот на борот

Вие сте традиционалист по природа, кој сака сите празнични правила да бидат испочитувани.

Омилени ви се црвени лампиони

Сакате Божиќ да трае што е можно подолго, и обожавате убаво накитени и блескави трговски објекти.

Елка украсена со домашно направени лампиони

Сакате деца и најверојатно сте опкружени со нив. Всушност, и вие самите го имате сочувано детскиот дух.

Сакате впечатливи сијалички со необични облици

Никогаш не ви е доволно од туѓото внимание.

Сакате шарени сијалички во разни бои

Вие сте екстровертна личност.

Сакате исклучиво бели сијалички

Вредна личност која ужива во чистота и едноставност.

Коментари

Популарно