Душко Тошиќ ја избркал Карлеуша од Кина

Jeлена Карлеуша повеќе од 24 часа се нема огласено од Кина и практично како да пропадна во земја. Иако треба да се врати во Србија поради многубројните обврски, пејачката едноставно не знае што да прави и нема сила да си дојде дома, открил извор близок до српски „Курир“.

Јелена доживеа нервен слом. Пробува да си дојде при себе и да направи се’ за Душко да и прости. Има многубројни обврски во Србија, снимања на телевизија, настапи, но засега психички не е спремна да пее, ниту да се појавува во емисии затоа што е свесна дека нејзиниот приватен живот ќе биде главна тема. Едноставно нема сила да го остави Душко и да се врати затоа што знае дека има голема можност да изгуби се, открил изворот.

Пријател на фудбалерот, пак, открил дека Тошиќ побарал од Карлеуша да си оди од Кина, но таа не сакала да го послуша.

На Душко му е најтешко, не знае на кој да верува. Јелена му кажува една приказна, а медиумите пласираат сосема друга. Побара од неа да си оди од Кина, но таа не сака да го послуша, открил пријателот за српски „Курир“.

Коментари

Популарно