Фото: Мухамед Зекири испрати порака до ракометарите

Од својот ФБ профил Мухамед Зекири веднаш по поразот на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во клучниот меч против исландската селекција им порача во иднина повеќе да се занимаваат со спорт, а помалку со политика, алудирајќи на одредени играчи.

Потпретседателот на СДСМ оваа порака им ја упати на одредени ракометари од националниот тим по трите порази по ред на Мундијалот во Германија со кои ги загубија шансите од понатамошен пласман и испаѓањето уште во првата фаза.

“Во иднина повеќе со спорт отколку со политика да се занимаваат спортистите МК”, напиша Зекири на својот профил на Фејсбук.

Претходно слична порака им упати и министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски, но на почетокот од светскиот шампионат.

Ваквото препукување на политичарите со членовите на македонскиот национален тим следи по негативните реакции на некои од нив по изгласаните уставни измени во Собранието минатата недела.

Коментари

Популарно