ФОТО: Овие познати Македонки имале порно афери

Секс аферата и скандалот со прељубата на српската фолк ѕвезда Јелена Карлеуша го крена Балканот на нозе… Исто како што своевремено тоа се случи со Северина и нејзиниот порно филм од јахтата. Медиумите не престануваат да пишуваат, социјалните мрежи горат, интернетот зовре… Бруи и зборува се’ живо и диво, едвај се чека секоја нова пикантерија од креветот на пејачката и фудбалерот. Тоа е блиску до нас, ама не и кај нас. Сепак и некои од македонските јавни личности, познати медиумски ѕвезди не биле имуни на слични нешта. 

Во Македонија исто така јавноста памети неколку обиди за креирање порно афери преку божемни или вистински снимки на познатите.

Веројатно најпозната е онаа која популарната ТВ водителка Лила Стојановска ја имаше, кога пред повеќе од десеттина години беа објавени порно фотографиите на кои се гледа како „таа“  клечејќи орално задоволува непознат маж. И покрај големата врева, брзо се докажа дека фотографиите се лажни, односно на нив е сосема друга, светска порно актерка, која од аголот од кој беше снимена, во ликот неодоливо потсетуваше на нашата Лила.

Своја порно афера своевремено имаше и манекенката, модел и ТВ водителка Ана Исаиева, која беше посочувана дека е девојката од снимката која кружеше по мобилните телефони, на која се гледа како на црвени сатенски чаршафи во постела орално задоволува непознато момче. Името и се вртеше по кулоарите, но веродостојноста на личноста од клипот никогаш не беше потврдена.

Порно снимки или фотографии јавноста наголемо зборува дека имаат и неколку врвни македонски ТВ водителки и фолк пејачки, а има и такви кои се колнат дека со свои очи ги гледале нивните клипови со експлицитни секс сцени. Она што последно можеше јавноста да го види беа еротските фотографии на некогашната ТВ водителка Мелита Ракичевиќ, која наводно му ги праќала на тогашното нејзино помладо момче, а по некоја „случајност“ завршија на социјалните мрежи. Мелита експлицитно ја покажа сета своја раскош, а љубовната романса со помладиот партнер набргу заврши.

Последна во низата „валкани игри од креветот“ во  амaтерски фотографии или „филмчиња за возрасни“ беше онаа од почетокот на 2018 година за битолската фолкерка Марија Тодоровска (25), во јавноста многу попозната под уметничкиот прекар Марија Луиса. Нејзиното филмче со „игри за возрасни“ накусо заврши на Интернет, а таа се правдаше дека во прашање е одмазда на бившото момче со кое била во двегодишна љубовна врска, па за оние кои имале прилика да го видат, не е никакво „порно“, туку обично водење љубов на двајца вљубени млади!

Од порно аферите не се заобиколени уште некои наши поп и и фолк пејачки, манекенки и ТВ водителки, но и  неколкумина од машките познати македонски фаци, особено оние од политичката, водителската и новинарската фела, на кои им се припишува нивно активно учество во неколку порно геј клипови… Но, било што од тоа, до ден денешен не излезе на виделина пред очите на пошироката јавност, иако многумина се колнат дека ги виделе со свои очи. Затоа останува ваквите информации да се сведат само на ниво на шпекулации и чаршиски муабети, секс приказни за кои сите само гласно зборуваат… без докази! А доколку истите и ги има, се длабоко скриени во нечиј мобилен телефон, лап-топ, компјутер, хард диск!

За анонимните и да говориме… Речиси секоја „втора“ од помладите дами има понекое „селфи од креветот“, а понекои од нив и „завидни филмски камсутра остварувања“!

Коментари

Популарно