Фото: Славниот тенисер „запрен“ на влезот на Аустралија опен

Припадник на обезбедувањето на Аустралија опен стана сензација на Интернет откако се сретнал лице в лице со Роџер Федерер и му покажа кој е главен.

"Сега и Роџер Федерер знае како е да се живее како обичен смртник", се шегуваа корисниците на социјалните мрежи откако обезбедувањето на Австралија опен го сопре швајцарскиот ас, бидејќи немал акредитација. 

"Понижувачката реакција на Федерер во оваа ситуација покажува зошто е најголем, на теренот и надвор од него. Каква ѕвезда", беше еден коментар на Твитер.

Некои коментирале дека Австралија иако е опуштена земја, всушност има многу строги правила, а покрај Федерер тоа овој пат го искуси и Марија Шарапова кога наместо околу врат, акредитацијата ја носела во рака.

Коментари

Популарно