Македонија -Чиле 32:30

Нашите ракометари денеска во Ланксес Арената во Келн со резултат 32:30 за 15. место успеаја да го совладаат Чиле.

На 15. позиција бевме и на претходниот Мундијал 2017 во Франција, ова е нашиот втор најслаб пласман на светските шампиони после оној во 1999 во Египет кога бевме на 18. место.

Репрезентативецот на Македонија, Кирил Лазаров:

„Ваквите мечеви се секогаш најтешки за нас поискусните, против една селекција како што е Чиле, без потценување. Добро е што завршивме победнички, без разлика што се случуваше во текот на Мундијалот. Еве добија шанса и помладите, да видат како е кога мора да се победи. Треба сега да се проанализира сето направено, да се донесе заклучок, грешките каде треба да се поправат".

Според нашиот капитен во групата против европските репрезентации во одреден дек бевме во егал со шанси за триумф.

„Не можам да кажам дека не сум разачаран, ако се фатиме сериозно за работа, ќе има резултат во иднина. Лежи голем потенцијал, вредно да работиме со цел рамо до рамо да бидеме и играме против најдобрите".

Коментари

Популарно