ФОТО: Прва заедничка фотографија на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ по порно аферата

Се уште се актуелни вестите околу порно аферата на Јелена Карлеуша и босанскиот фудбалер Огнен Врашњеш.

Имено, се започна на Божиќ кога наводно сопругот на Карлеуша, Душко Тошиќ проношал пораки од допишувањата меѓу Карлеуша и Огнен.

Подоцна се појавија експлицитни фотографии на кои наводно е Јелена Карлеуша, но и видео како Огнен и Карлеуша шетаат во Атина.

Меѓутоа, Јелена ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека се фотомонтажа и напад на неа и нејзиното семејство.

По скандалот таа замина во Кина каде е нејзиниот сопруг Душко.

Таа неколку дена ништо не објавуваше на социјалните мрежи, а потоа сподели видео како Душко се игра со Ника.

Душко вчера славеше роденден и наполни 34 години, а по тој повод Јелена на својот „Инстаграм“ објави заедничка фотка со сопругот, но и една семејна фотографија.

Ова е нивна прва заедничка фотографија по големиот скандал.

Коментари

Популарно