Таа тврди дека фудбалската мафија „е вмешана’ во исчезнувањето на Сала

Поранешната девојка на аргентинскиот фудбалер Емануел Сала  (Беренис Шкир), кој втор ден е во центарот на светска јавност откако авионот со кој патувал од Франција во Велика Британија се води како исчезнат, се огласи преку социјалните мрежи и изнесе сериозни обвинувања.

Таа тврди дека исчезнувањето на авионот со кој нејзиното момче леташе од Нант кон Кардиф би случајно.

„Истражете ја фудбалската мафија. Не верувам дека ова е несреќен случај“, напиша Шкир.

Набрзо нејзината објава беше тргната, но дури откако беше пренесена од голем број светски медиуми.

„Сакам да се пробудам и да сфатам дека ова не е вистина. Ве молам, истражете што му се случило на Емануел бидејќи не верувам дека е несреќа и дека ја прекинале потрагата само поради лошото време. Се чуствувам беспомошно, ова е кошмар за мене“, дополнува девојката која неколку месеци била во врска со Сала.

На крајот таа се прашува зошто вакви работи му се случуваат на фасцинантен човек, кој е добар и посветен на својата работа.

И натаму нема официјална потврда за наоѓањето на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој завчера се качи во авион од Нант до Кардиф, но истиот исчезнал од радарот над англискиот канал кој ги поврзува Франција и Англија.

Потрагата вчера заврши без успех, а синоќа биле најдени некои делови во водата на каналот, меѓутоа немаше потврда дали се од авионот, иако властите истакнаа дека голема е веројатноста да се од авионот во кој се превезувале фудбалерот и пилотот.

Англискиот „Дејли Mејл“ излезе со информација дека Сала пред кобниот лет им пратил аудио порака на своите другари: „Се чувствувам многу уморно. Бев во Нант и правев многу работи, и работи, и работи… Сега одам во Кардиф со авион кој ми се чини дека ќе се сруши секој момент. Утре ќе тренирам со нови соиграчи. Ако не ви се јавам за еден час и половина, не знам дали ќе испратат некого да ме бара… Се плашам“ , наводно им кажал Сала на своите пријатели а во позадина се слушале моторите на авионот.

Истиот медиум пренесува дека се случиле турбуленции за време на летот на Сала до Нант каде што заминал да се збогува од своите соиграчи со кои настапуваше во Франција. Од таму летнал за Кардиф каде што му се губи секаква трага. Потрагата продолжи утринава.

Коментари

Популарно