ВИДЀЕО: Шилегов назначи Албанец за директор во Хемиско - професорите ја бојкотираат наставата!

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов изјави дека не е нарушен образовниот процес со тоа што вчера за нов в.д. директор на средното хемиско-технолошко училиште „Марија Склодовска-Кири“ назначил Албанец, што денеска предизвика бојкот на наставата од професори и ученици од македонските паралелки.

Тие претпладнето дојдоа на училиште, но не одржуваат часови, најавувајќи дека бојкотот ќе го продолжат и во наредните денови.

Незадоволни се од тоа што одлуката била донесена без нивно занење и консултација, а револтирани се од тоа што по именувањето на в.д. директорот на социјалните мрежи, наводно, се појавиле коментари: „победивме, го зедовме Хемиско“.

Коментари

Популарно