(ФОТО) Димитар ја прозва Сара Мејс: „Детево од мало сфати со кого ќе си има работа“

Водителот Димитар Атанасовски и неговата сопруга, пејачката Сара Костадинова претходната година станаа родители на нивното прво дете односно ќерката Илина.

Оттогаш нивните приорети се променети, па често се прилагодуваат на потребите и на желбите на неколку месечната ќерка.

Набргу по породувањето, Сара се врати на своите активности, а нејзиниот сопруг и помага при чувањето на Илина.

Тие секој момент го користитат да бидат заедно и да уживаат во семејната хармонија.

Имено, парот заедно со Илина неодамна беа на излет на Козјак, па пејачката јавно се пофали со фотографии на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Преубаво.... #чиствоздух #позитивнаенергија #февруариапролет #јагненцамајкини #илинаиатос❤️ #сараидиме❤️ #одврскафамилија😁 Само со @boramakedonija можам да бидам сигурна дека ќе одам на излет, а нема да се тревожам дали на Илина ќе и’ пропушти пелената, зошто ЗНАМ и ВЕРУВАМ во #моќнанега, а тоа се #бора пелените. #моќнамама #boramakedonija #заедносмепосилни #сараибора😁 #foreverinlove ♥️💪👶🏻🙈🤪🥳 #photocredit @vla.tkorski #nofilter #dadzver 📷

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on

Парот е поразличен од некои други личности кои не ги објавуваат своите деца, па така често на социјалните мрежи знаат да споделат фотографија и да се пошегуваат на нивна сметка.

Овој пат, Димитар објави фотка од Сара која во раце ја држи Илина, а во описот на фотографијата напиша:

„Детево од мало сфати со кого ќе си има работа… Sarah Kostadinovska за 4 месеци те прочитаа“, напиша водителот.

Сара не остана должна на објавата, па веднаш му врати во коментар.

„Среќа ти си тука, знае она и те чека да дојдеш, да ја средиш. Усрана до гуша. Поз. Кис.  [😘]

П.С. Јас нема да пипам да не згрешам. Да не си има работа со мене, поарно ти ела“, прокоментира пејачката.

Димитар во коментарите продолжи да се шегува со својата сопруга, па и постави линк од вест каде Индиец ги тужи родителите зошто го направиле, па тој се пошегува со Сара дека ако продолжи така тоа и на ним ќе им се случи.

Пејачката не остана должна, па се пошегува со коментар „Боже Господе, што читаш“.

За потсетување, Сара и Димитар пред четири месеци ја добија Илина, а водителот присуствуваше на чинот на породувањето.

Коментари

Популарно