ФОТО: Антониа Гиговска покажа како ќе изгледа на матурско табло

Антониа Гиговска сите ја паметиме по учеството на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ каде што имаше одличен успех и се претстави во одлично светло, па токму поради тоа сега е дел од новото издание на „Пинкови ѕвездички – All stars“ како еден од фаворитите.

Исто така учествуваше и во мјузикалот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“.

Претходната година беше во знак на неа, извади многу нови песни и освои неколку награди на неколку музички фестивали во земјава и надвор, а победи и на „Макфест“ со песната „Никогаш не вели никогаш“.

И оваа година започна во нејзин знак, па така таа е придржен вокал на Јелена Розга во нејзината нова песна „Мојата пролет“ (Moje proljece).

Оваа година Антониа ќе биде матурантка односно ќе го заврши средното образование во гимназијата „Јосио Броз – Тито“. Деновиве таа се фотографираше за матурско табло и на социјалните мрежи покажа како ќе изгледа. Тешко е да поверувате дека таа е само матурантка, бидејќи изгледа толку сигурно и зрело на сцената но ова е доказ за тоа:

Нејзините следбеници и порачаа дека изгледа прекрасно. Дали Антониа ќе се запиша на факултет поврзан со музиката или нешто сосема различно, останува да видиме.

Коментари

Популарно