Променливо и студено време во наредните денови

Ова е временската прогноза за февруари. Не чека сонце, дожд, снег, ветер, пад на температурите.

Иако март е месец кој често има променлива временска прогноза, изгледа и февруари ќе биде чуден.

Времето се менува. Ќе дува засилен ветер од јужен правец кој на моменти на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час, сето ова ќе биде најава за нагла и голема промена на времето која треба да се случи кон крајот на денот и навечер, односно од запад ќе започнат врнежи од дожд и во текот на ноќта ќе се прошират речиси насекаде а локално во западните делови ќе наврне и позначително количество на воден талог, и тоа над 20 л/м2 а има услови и за појава на атмосферски процеси во вид на локални грмежи и поројни врнежи од дожд.

Коментари

Популарно