Ева ја бара мајка си, никој нема храброст да ѝ ја каже вистината

Четиригодишната Ева од гостиварското село Дебреше вчераутро ја побара мајка си веднаш штом се разбуди. Во средата вечерта едвај заспа без неа. Никогаш претходно не спиела сама со татка си и со помалото братче. Вака „Независен весник“ ја започнува репортажата од Гостивар, кој овие денови е како град на духови.

Ева едвај ја убедиле дека нејзината мајка морала да остане на работа и дека ќе дојде штом ќе заврши со обврските.

Сè уште никој нема храброст да ѝ каже дека мајка ѝ Валдете веќе никогаш нема да го пречекори куќниот праг. Животот на 29-годишната жена сурово згасна во автобуската несреќа што се случи завчерапопладне во близина на селото Ласкарци, при што 14 лица загинаа, а триесетина се здобија со повреди.

Валдете Хамити е од селото Дебреше, кое е практично споено со Гостивар. Всушност, таа е со потекло од Тетово, но љубовта ја натера да се пресели триесетина километри подалеку. Била вработена на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Била среќно мажена, горда мајка на две деца: малата Ева и десетмесечниот Лавдим.

Потресното сведоштво на семејствата и пријателите на трагично загинатите патници прочитајте го на „Независен весник“.

Коментари

Популарно