Ева ја бара мајка си, никој нема храброст да ѝ ја каже вистината

Четиригодишната Ева од гостиварското село Дебреше вчераутро ја побара мајка си веднаш штом се разбуди. Во средата вечерта едвај заспа без неа. Никогаш претходно не спиела сама со татка си и со помалото братче. Вака „Независен весник“ ја започнува репортажата од Гостивар, кој овие денови е како град на духови.

Ева едвај ја убедиле дека нејзината мајка морала да остане на работа и дека ќе дојде штом ќе заврши со обврските.

Сè уште никој нема храброст да ѝ каже дека мајка ѝ Валдете веќе никогаш нема да го пречекори куќниот праг. Животот на 29-годишната жена сурово згасна во автобуската несреќа што се случи завчерапопладне во близина на селото Ласкарци, при што 14 лица загинаа, а триесетина се здобија со повреди.

Валдете Хамити е од селото Дебреше, кое е практично споено со Гостивар. Всушност, таа е со потекло од Тетово, но љубовта ја натера да се пресели триесетина километри подалеку. Била вработена на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Била среќно мажена, горда мајка на две деца: малата Ева и десетмесечниот Лавдим.

Потресното сведоштво на семејствата и пријателите на трагично загинатите патници прочитајте го на „Независен весник“.

Македонец вработен во Швајцарска пошта крадел накит и мобилни од пакети

Македонски државјанин бил осуден на условна затворска казна поради тоа што крадел накит и мобилни телефон од пакети во поштата во Фрауенфелд, Швајцарија каде што бил вработен.

Ова е втор случај годинава македонски државјанин вработен во швајцарската пошта да биде осуден за кражба, откако претходно друг нашинец украл над 120.000 франци, вадејќи пари од писмата во кои Швајцарците испраќале пари за учество во лотарија во Австралија.

Во последниот случај станува збор за 27 годишен државјанин на Македонија, кој со сопругата живее во Швајцарија од 2012 година. Според обвинението, поштарот отворил околу 300 пакети во текот на летото 2016 година, крадејќи накит, часовници и мобилни телефони.

Обвинетиот, кој признал дека сторил прекршок, бил прогласен за виновен за комерцијална кражба, загрозување на безбедноста на поштата и за перење пари. Поради тоа Окружниот суд во Фраунфелд го осуди на условна затворска казна од 16 месеци која ќе стане активна ако во наредните две години направи друго кривично дело.

Тој ќе мора да плати 7.000 франци отштета на поштата, 4.300 франци за правните трошоци и 8.500 франци на адвокатот.

Од истрагата било утврдено дека обвинетиот во летото 2016 годин урл најмалку 52 предмети од пакетите, а истите ги продал за сума од 24.000 франци. Пет мобилни телефони му испратил на татко му во Македонија. Со парите платил долгови, како операција на неговата мајка. Откако бил откриен, тој поминал еден месец во притвор, а Поштата веднаш го отпушти.

Нема траги на насилстбо на телото на момчето

Утврден е идентитетот на младиот гостиварец чие безживотно тело утрово околу 10 часот, беше извлечено од водите на Вардар, меѓу селата Форино и Чегране.

Според информациите од СВР Тетово, станува збор за 20-годишниот Ј.М.

Полицијата информира дека откако неговото тело било извлечено од реката, лекар ја констатирал смртта, а првично не биле констатирани траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Ја грабнал, ја внел во кола, па ја однел кај него дома

Завчера околу 22 часот во СВР Скопје,25- годишната А.О  од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16 часот на булевар „Крсте Мисирков“ била физичка нападната од А.М., со кого претходно била во љубовна врска.

Според пријавеното, додека А.О. се движела кон своето возило во гаража на трговски центар, била пресретната од А.М., кој физички ја нападнал и насилно ја внел во неговото возило и ја однел во својот дом, но потоа ја пуштил да си оди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Популарно