ФОТО: Анета Молика сподели фотографија од нејзината ќерка како бебе

Анета Мицевска или на публиката позната како Анета Молика е во среќен брак со музичарот од нејзината група Џими.

Тие се повеќе од 17 години во брак, а нивната љубов трае како и првиот ден.

-Најискрена ќе бидам. Јас сум пресреќна со Џими иако сме 16 години во брак и една година бевме во врска, значи 17. Љубовта кај нас се уште постои  исто како да сме на почетокот. И што е најважно од се ние имаме разбирање и покрај тоа што сме заедно 24/7. Му благодариме на Господ што до сега во ниеден сегмент од нашето живеење ништо не ни е досадно“ изјави  Молика  претходната година во интервју за „7дена.мк“.

Џими и Анета заедно ја имаат ќерката Моника која наполни 16 години, а мајката на пејачката неодамна истакна дека таа пораснала кај неа и дека ја чува кога е неопходно.

Ќерката на Молика има талент за пеење, но не сака да биде пејачка. Како што истакна нејзината баба таа учи стоматологија и сака да тоа да биде нејзината идна професија.

Од друга страна, самата Молика истакна дека со нејзината професија не е лесно да биде и родител и дека за се постои жртва.

Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва.  Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника.  За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

Деновиве на Мицевска и се вратија спомените, па во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од нејзината ќерка како бебе.

„Спомени од срце“, напиша во оспиот на фотографијата.

Коментари

Популарно