ФОТО: Тијана Дапчевиќ како манекенка пред белградската публика

Нема таков кој не ја знае и не се сеќава на песната „Моден ритам“ во чиј спот режиран од Дејан Милиќевиќ, Тијана Дапчевиќ има улога на манекенка на модна писта.

Оттогаш помина многу време, а сега таа повторно беше „too sexy“, но не за своја песна, туку на ревијата на српската модна дизанерка Ивана Николиќ Станковиќ.

Медиумите досега неколкупати и поласкаа на Тијана дека ако не би била музичар или актерка, таа би била одлична и како манекенка или модел.

Иако многупати досега за своите фотосесии позираше како модел, овој ангажман по долго време ја врати на модната писта.

Не се сомневаме дека се покажала одлично пред белградската модна публика, а на својот Инстаграм Тијана се пофали со неколку фотографии од вечерта каде беше музичко-манекенска ѕвезда.

Коментари

Популарно