Славчо Попоски: ВОНРЕДНО метео- Поларниот бран се приближува

Наглата промена на времето, односно брзиот продор на многу студената воздушна маса која се спушта од Русија од утрешната ноќ како и во сабота ќе услови засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од североисточен правец кој особено во западните предели на моменти на некои места ќе достигнува брзина до 100 км/час.

Исто така утрешниот ден особено од пладневните часови па натаму ќе услови локални послаби врнежи од дожд и од снег на планините, поради наглото заладување во текот на ноќта кон сабота послаби локални врнежи од снег ќе има и на ниските места, и во сабота особено во јужната половина на државава ќе има локални врнежи од снег кој може да условат формирање на тенка снежна покривка и на ниските места.

Температурите на впоздухот како што веќе најавивме ќе опаднат дури и за 15 степени и за време на викендот максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 4 степени додека наутро особено во недела и понеделник ќе биде МНОГУ студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -4 степени додека на некои места истите има услови да паднат и до околу -15 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради силниот ветер кој ќе го имаме на граѓаните ги преупредуваме и советуваме да внимаваат како и каде се движат, исто така и на возачите крајна претпазливот кад еги ставаат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено на оние постарите.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно