Зошто таа не гледа разлика во власта во Македонија?

Во своето прво јавно појавување на ТВ Сопругата на Никола Младенов, Билјана Младенова рече дека имало два најтешки моменти за весникот Фокус, а разликата меѓу едната другата власта биле методите кои ги преземале за да го замолчат Никола.

-На ниедна власт не и било драго да биде критикувана. Разликата меѓу едните и другите е во методите што ги преземаа да го замолчат. Најтешки моменти за Фокус беа периодот од 2004-2005 година и периодот од 2008-2011 година. Во целост го поддржав за одлуката на дневен весник. Но во тие моменти власта не беше подготвена да има објеткивна критика на дневна основа. Весникот Фокус имаше строга забрана да се продава во големите маркети. Во маалските гранапчиња беа условувани дека ако го продаваат Фокус, тогаш ќе им бидат повлечени весниците на МПМ, рече Младенова.

Коментари

Популарно