ВИДЕО: Мајка помислила дека 11-годишната ќерка е бремена

Чериш Роуз Лавел за само 2 месеци изгубила 14 килограми. Плашејќи се од најлошото, мајката ја одвела во болница и таму сфатила дека започнува нејзиниот најголем кошмар.

Случајот со 11-годишното девојче од Квинслед целосно ги збуни лекарите.

Нејзината мајка Луиз сфатила дека нешто не е како што треба кога девојчето почнало нагло да слабее.

Плашејќи се од најлошото, ја одвела Чериш на преглед и испитувања, но ништо не и помогнало за да се открие причината за ваквото здравствено влошување.

-Постојано слушате како ваквите работи им се случуваат на некои други луѓе, но никогаш не помислувате дека истото би можело да ви се случи и на вам. Ќерка ми говореше дека е постојано уморна и летаргична. Еден ден имаше толку големи болки што морав да ја одведам на лекар, – раскажува Луиз.

Иако на почетокот мислеле дека девојчето е бремено, иако не било влезено ни во пубертет, сепак, понатамошните тестови и испитувања покажале дека на јајниците и расте тумор со тежина од 10 килограми.

Туморот, резултат на агресивен рак, и предизвикувал силна болка, но постепено влијаел и врз личноста на детето. Нејзината мајка вели дека Чериш секогаш била ведра и расположена, но дека нејзиното однесување се влошувало, како што туморот растел.

Престанала да јаде. Рацете и нозете и се истенчиле, а стомакот започнал да и расте. Не знаев што се случува – раскажува мајката.

Лекарите тврдат дека е многу изненадувачки толку младо девојче да има толку голем тумор, но дека е можно да се излекува со помош на хемотерапија и операција.

А после првите третмани, нејзината состојба започнала да се подобрува. Сепак, до целосно оздравување ја чекаат уште 6 месеци терапија.

Мајката ја споделила нивната приказнаа со цел да ја подигне свеста на сите родители, за ракот и да покаже дека оваа болест не бира возраст ни пол.

Коментари

Популарно