ФОТО: Цел свет ги бара

Непосредно пред избивање на пожарот во париската катедрала Нотр Дам снимена е фотографија која ги запрепасти корисниците на друштвените мрежи.

Само еден час пред  разорниот пожар да ја зафати париската катедрала Нотр Дам, татко и ќерка се снимени како весело си играат пред историскиот споменик, а фотографијата после тоа стана вирална.

Фотографијата е снимена пред заоѓањето на сонцето и пред пожарот кој го осветли париското небо, кој беше локализиран околу 3 часот утрината, откако прво го „проголта“ објектот, а набрзо потоа и целиот кров.

Брук Виндзор вели дека снимила фотографија од татко и ќерка кои уживале пред 850 години стариот споменик, кој годишно го посетуваат 14 милиони туристи.

Таткото уште не е идентификуван, но фотографијата веќе заврши во голем број медиуми и веројатно е само прашање на време кога ќе биде пронајден.

Коментари

Популарно