ФОТО: Вака живее ќерката на Слободан Милошевиќ на Цетиње

Марија Милошевиќ, 53-годишната ќерка на покојниот претседател на СФРЈ, Слободан Милошевиќ во Црна Гора жиевее во куќа која постојано е заклучена со спуштени реолетни и скоро никогаш не излегува. Во посета не смеат да ѝ дојдат ниту роднини.

Куќата често ја посетува нејзиниот батлер и возач.

Фотаграфите на Курир.рс го фотографирале додека ги хранел кучињата и го исчистил дворот. Кај ќерката на Милошевиќ доаѓа во посета само нејзиното момче.

Соседите велат дека тој ѝ носи храна и цел ден минува со неа во домот, во кој постојано се спуштени ролетните.

Соседите за неа имаат само пофални зборови.

-Марија е тука во домот, но не излегува. Има човек кој ѝ помага се вика Тото, но тој сега отиде кај нејзиниот брат во Русија. Таа е добра сосетка, нема да се лажеме. Мојата ќерка еднаш беше кај неа - рекол Боро Мартиновиќ, а потоа ја повикал и својата сопруга да го потврди тоа за Курир.рс

Сосетката Надежда Вушуровиќ за Марија исто така има само пофални зборови.

-Јас ја имам сретнато неколку пати, по малку и разговаравме. Многу е пријатна. Нејзината мајка никогаш ја немам видено - раскажала Надежда.

Коментари

Популарно