Дритон Вејсели: Сценаријата се речиси во финална фаза и на есен почнуваме со снимање

Дритон Вејсели кој имавме прилика да го гледаме како рецепционерот Талат во „Преспав“ се прослави со оваа негова улога и додека гледачите се во очекување дали ќе има четврта сезона и кога ќе започне, Вејсели во интервју за „Женски магазин“ откри нови детали за „Преспав“.

„Четвртата сезона е во подготовка. Со продукцијата и со тимот сценаристи на „Преспав“ имавме многу неформални разговори во која насока ќе се развива ликот на Талат, но во оваа фаза не би можел да издвојам нешто. Од продукцијата добив информација дека сценаријата се речиси во финална фаза и на есен почнуваме со снимање. Искрено, верувам во нашите сценаристи и со нетрпение ја очекувам во раце првата скрипта со сценариото за првата епизода од четвртата сезона“, вели Дритон.

Актерот моментално има улога во претставата „Жени пред нервен слом“ која неодамна имаше примиера во Театар комедија.

Коментари

Популарно