Претпладне сончево , во попладневните часови променливо облачно

Во текот на денешниот ден се очекува времето да биде: претпладне сончево со умерена облачност, а  во попладневните часови променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 24 Целзиусови степени, Крива Паланка 21, Берово 20, Кавадарци 26, Маврово 16, Охрид 21, Битола 22, Дојран 28 степени.

За утре прогнозата е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 22 степени, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 24, Маврово 14, Охрид 18, Битола 20, Дојран 26 степени.

Коментари

Популарно