Еден од најдобрите напаѓачи во Европа и во Премиерлигата, Серхио Агуеро оваа сезона со својот клуб освои 4 трофеи на Островот, а покрај тоа успеа да и го освои и срцето на пребогатата дваесетгодишна Тејлор Вард.
Како што пренесуваат медиумите од Велика Британија, преубавата бринета е 9 години помлада од фудбалерот, а како што стојат работите од мали нозе се навикнала на изобилство и луксуз кој што реодителите и го овозможиле.
Имено, Тејлор е ќерка на телевизиската ѕвезда Даун и поранешниот професионален фудбалер Ешли Вард. Израсна во вила вредна 157 милиони евра која има 11 соби, базен, приватен биоскоп и голем двор.