(ФОТО) Владимир Поповски: „Ех, балкански менталитет“

Пејачот Владимир Поповски, на социјалните мрежи се пожали дека како вистински Балканец не сакал да им поверува на луѓето кои му велеле дека животот ќе му се смени на поубаво откако ќе стане татко.

Владимир, кој е пејач на фолк-групата „Биоритам“, не ја крие среќата по раѓањето на ќерката Андреа, па често споделува слики со бебето и сопругата Анастасија Петреска која е ќерка на пејачот Наум Петрески.

„Аааа, ми збореа ќе ти се промени животот… Ех, балкански менталитет, додека не осетиш на своја кожа не се важи“, напиша пејачот покрај сликата од 2-месечната ќерка.

Коментари

Популарно