ФОТО: Ова е Турчинот што ја претепа манекенката Тања

Тања Дукиќ, српска манекенка која ѕверски била претепана од Турчин со кој била две години во емотивна врска и живеела во ист стан во Истанбул, се огласила на друштвените мрежи.

Таа објавила и фотографија од Турчинот Чаргиј Тортоп, за кој тврди дека ја малтретирал и претепал.

-Во Турција не ми беше пружена апсолутно никаква помош. Тој дури и не е приведен. Родителите дојдоа по мене, поднесовме кривична пријава и сега сум во Србија - напишала манекенката на својот Инстаграм профил.

Таа за медиумите раскажала дека уапсеала насилникот да го убеди дека нема да го пријави, како никогаш претходно, само да заборави на се и да излезе надвор. Кога конечно се согласил, ставила очила за сонце и ги прекрила модринките, а штом тој ја отклучил вратата, Тања избегала во блиското кафуле и повикала полиција.

Манекенката била претепана во нивниот заеднички стан во Истанбул, а мотив била неговата патолошка љубомора.

Коментари

Популарно