Бура, грмежи и поплави на Балканот

Американската компанија која се занимава со временска прогноза, AccuWeather, објави сезонска прогноза за Европа за есента во 2019 година, според која предвидува дека повремени бури кои се јавија во Италија и Балканот ќе продолжат и за време на есента, со силни дождови кои може да предизвикаат поплави и свлечишта.

Како што ќе одминува есента, така ќе се намалува ризикот од грмежи, но опасноста од силни и обилни врнежи ќе продолжи.

Се наведува дека најмногу врнежи ќе има во октомври и ноември а според предвидувањата се очекува температурите да останат близу или малку пониско од вообичаените за ова време од годината.

Потенцијалниот продор на ладен воздух од исток кон север во доцната есен ќе донесе снег од Унгарија и Романија во БиХ и Србија.

„Честото нестабилно време ќе има негативно влијание на земјоделството и надворешните активности во овој регион“, рекол метеорологот Тајлер Ројс.

За разлика од поголемиот дел на Европа каде за време на есента може да се очекуваат температури над нормалата, во источна Европа можен е поостар премин на ладното време.

Есента може да почне со благи температури, но се предвидува дека ќе удри постуден воздух кој ќе биде се почест од октомври до ноември.

Најмногу врнежи се очекуваат во Украина.

Како што ќе одминува Ноември, ниските температури ќе бидат се пониски, а понекогаш ќе имаме впечаток дека е декември или јануари.

Снежни врнежи се очекувт во ноември во целата источна Европа. Бура се очекува во Велика Бритнија, Франција, Холандија и Днска, која може да предизвик недостток на електрична енергија и пореметување во сообрќајот, а постои и опасност од поплави.

Португлија и Шпанија ќе се соочат со горештини кои ќе донесат ризик од пожари.

За време на септември ќе биде топло и суво време кое ќе го зафати и југот на Франција, а наглата промена се очекува во октомври поради бурата која доаѓа од Атлантик.

Коментари

Популарно