Не очекуваат САХАРСКА ПРАШИНА и песок

Јужно и југозападно струење на висина, Сахарска прашина и песок и непријатна топлина овие денови ќе ја зафати територијата на нашата држава.

Поточно ќе бидеме под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југозапад која ќе условува понатамошен пораст на температурите на воздухот кој во следните денови ќе се ислачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот се очекува да се искачат до максимални 30, 31 степен што се типично летни. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност а ќе дува и претежно слаб ветер од променлив правец.

УВ ИНДЕКСОТ поради топлиот бран понатаму малку ќе порасне и ќе има умерено висока вредно и ќе изнесува 5 што не е опасно врз граѓаните.

За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Коментари

Популарно