Едно 10- годишно девојче од Лос Анџелес направи список на желби за тоа што сака Дедо Мраз да и донесе, а овој нејзин список стана хит на интернет.
Нејзиниот татко на Твитер го објави списокот на желби на неговата ќерка, за која напиша дека „луда“ штом составила ваков список
-Мојата 10- годишна ќерка не е при себе штом го состави ваков список на желби- напишал тој.
Во списокот се најдоа: Ајфон 11, нови слушалки, Мекбук, вистински зајак, облека , шминки, Пума патики, Гучи папучи, Шанел ташна, парфем, етерично масло, нови чевли, 4000 долари и што уште не.