Од денеска стапува на сила Законот на Тијана – доживотен затвор за убиство на деца

Тешко убиство, силување со смртна последица, обљуба на деца, трудници и немоќни лица со смртни последици и обљуба на дете со слоупотреба на положба со смртни последици ќе се казнува со доживотен затвор откако денес стапи на сила т.н. Закон на Тијана.

На иницијатива на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ досегашните казни предвидени за овие дела ќе бидат променети, т.е. ќе се воведат нови  кои во некои случаи предвидуваат доживотен затвор.

Вториот дел од истиот закон, кој го нарековме „три удари“ овозможува со построги казни да се санкционираат повратниците кои веќе наоравиле неколку кривични дела, но се нашле на слобода поради благите казни или добиле условни. Со овој закон нема да може да се ублажуваат казните.

Казните за продажба на наркотици наместо досегашните 3-12 години, отсега ќе бидат 5-15 години.

Kако дојде до Законот на Тијана?

Телото на петнаесетгодишната Тијана Јуриќ, која исчезна на 26 јули, е пронајдено на 6 август, по тринаесетдневна потрага. Полицијата на 6 август го привела осомничениот, кој го признал убиството.

Триесетиедногодишниот Марко М. од Белград, Србија е уапсен под сомнение дека преку „Фејсбук“ ѝ упатил смртни закани на 16-годишната Сашка Јуриќ, сестра на брутално убиената Тијана. Случајот Јуриќ го потресе регионот пред пет години, кога девојчето беше силувано и убиено од месарот Драган Ѓуриќ, по што нејзиниот татко ја основа фондацијата „Тијана Јуриќ“ и почна активно да се залага за построги казни за убијците на деца.

Коментари

Популарно