Денеска да ги бодриме заедно нашите ракометари

Македонската рекометна репрезентација на завршницата од 14. Европско првенство кое се одржува за првпат во три земји на стариот континент Австрија, Шведска и Норвешка и се игра за првпат со 24 селекции, имаше победнички старт. И покрај осцилациите во играта минимално, но заслужено совладана е Украина (26:25) во групата Б.

Денеска со почеток во 16 часот  во Виена на програмата е мечот од 2. коло против Чешка кој ќе треба да донесе расплет за „црвено-жолитите“ во групата или пак комплетен заплет кои две репрезентации од оваа група како првопласирани ќе патуваат во главната фаза. Македонија со победа си ги решава дилемите за вториот круг, со пораз ќе ја искомплицира ситуацијата пред дуелот од третото коло со домашната селекција на Австрија, која истотака има победнички старт, токму против Чешка(32:29). Затоа денешнит реивал на „црвено-жолтите“ Чешка нема правао на нов кикс. Со втор пораз ќе се збогува од настапите на ЕП по првата групна фаза. Македонија ако се доведе во непријатана ситуација да загуби ќе има и поправен против домашната Австрија во 3. коло, што ќе биде многу потежок пат да се стигне до втората фаза.

Македонија и Чешка по петтипат ќе се соочат на завршниците од Европсите првенства. Македонија го игра шестиот континентален собир и само еднаш на овие завршници немала дуел со Чешка и тоа на ЕП-2016 кое се одржа во Полска. Традиционално Чешка е ривалот преку кој Македонија мора да помине за да стигне во втората рунда од континеталните собири. Во Ниш на ЕП-2012 година со победа од 27:21 го заверивме настапот во втора фаза, а слично беше и во Хернинг кога на крајот беше 24:24. Пред две години во Вараждин загубивме минимално 24:25, а притоа не искористивме и седмерец за изедначување.

Коментари

Популарно