ВИДЕО: Ова е продавачката од Србија која нокаутираше полицајка на пазар - некои ја бранат, а некои остро ја осудуваат

Продавачката која нападнала комунална полицајка на пазар во Видиковац е Садија Д.

Таа, изнервирана поради заплената на нејзините работи ја нокаутирала полицајката која сакала да ја задржи до доаѓање на полицијата.

Бруталниот напад се случил во неделата во околу 12:30 часот. Снимката од нападот се појавила набрзо после тоа.

Таа е и понатаму во дводневен притвор и утре ќе биде сослушана во Другото основно обвинителство, дознава Курир.рс

А.М. заедно со колегите правела обиколка на пазарот во Видиковац. Продавачката имала куфер полн со работи кои планирала да ги продаде. На инцидентот претходела кавга меѓу нив две, затоа што А.М. инсистирала да ја одземе нелегалната роба. Продавачката се обидела да избега, А.М. ѝ го земала куферот и работите почнале да паѓаат од него, рекле очевидците. Тие двете почнале да се туркаат. Во еден момент жената ја удрила А.М. со бокс по глава. Полицајката паднала на земја, а продавачката почнала да трча низ пазарот, но полицијата брзо ја уапсила. А.М. останала да лежи на земја, а шокираните луѓе кои биле на пазарот се обидувале да ѝ помогнат.

Сопругот на полицајката заедно со синот дошол на пазарот.

-Ова е страшно што се случило со мојата сопруга. Таа во моментов се наоѓа на максилофацијалното оддление. Многу е вознемирена, постојано плаче и под стрес е, затоа што не може да верува што ѝ се случило. Ова е срамота - рекол нејзиниот сопруг за Курир.рс

Коментари

Популарно