Е мачна Атиџе, Ти на светот му ја испрати најголемата лекција- „Ако еден го прекрши Законот на природата, сите ја плаќаат цената!”

Предоскаровска треска сеуште ја тресе земјава, а за „Медена земја“ не престанува да се пишува.

Социјалните мрежи полни со пофалби и статуси кои допираат до секој.

На оваа тема, налетавме на еден Фејсбук коментар кој мислиме дека треба да го споделиме со вас.

„Е мачна Атиџе, не дочека мајка ти да види дека ти и' се ,,омажи". Не за некого од Бекирлија, оти таму таков за тебе немаше, туку од Бекирлија директно за светот!

И ете, наместо некој си од Овче Поле, сега Холивуд и светот ти ја виде и куќата и љубовта и душата и маката. Ти на светот му ја испрати најголемата лекција - ,,Ако еден го прекрши Законот на природата, сите ја плаќаат цената!”

Среќно меден хероју, тебе и на екипата на твојата и наша Медена земја.

Пишувате историја! “

ФБ статус - пишува Каровски Мартин

Коментари

Популарно