Ивана Кнол (26) за време на Светското фудбалско првенство во Русија ја нарекоа најзгодната хрватска навивачка.
И понатаму со задоволство ги следи натпреварите на хрватската репрезентација, а со своите следачи се „зближила“ уште повеќе, па постојано ги известува што прави и како ѝ поминуваат деновите.
Иако календарски е есен, Ивана и понатаму објавува фотографии со костими за капење и провокативни модни комбинации. Па така, овој пат на социјалните мрежи позирала во тесен и краток фустан со кој едвај успеала да го покрие задникот.
Стајлингот го надополнила со високи потпетици кои дополнителни ѝ ги нагласиле витките нозе.
„Кога ме прашуваат која должина ја преферирам“, напишала Ивана.