Три муслимански имиња кои родителите масовно им ги даваат на децата во Македонија – мислат дека се стари македонски

Изборот на име за детето претставува дел од подготовката за доаѓањето на најважното нешто во животот за секој родител.

Трендовите постојано се менуваат, а денес најпопуларни се кратките и необични имиња кои им се даваат на децата.

Во продолжение ви откриваме три најпопуларни муслимански имиња кои најчесто им се даваат на децата во Македонија како и нивните преубави значења:

1. Сара

Името е изведено од зборот сараи а значи владеење, жена од висок ранг. На арапски името значи носење на среќа и радост. Во повеќе варијанти е познато кај муслиманите. Во Босна, Хрватска, Србија и Македонија ова име се наоѓа меѓу најпопуларните 10 имиња.

2. Ема

Ема е скратена варијанта од повеќе имиња, па со тоа и самото име има повеќе значења. Во Македонија Ема е скратено од Емилија, а кај муслиманите од Емира, Емина. Изведено е од германскиот збор ермен – што значи цел. Ова име е навистина преубаво за дете.

3. Хана

Името Хана има арапско потекло и има значење за разбирање, како и искрена и паметна жена. Постои приказна дека имаето настанало од името на една билка. Ова име во различни делови може да се најде со одредени спцефичности, како во Европа Хана, Ханна, Ханах. Името Ханна во првата половина на 20-век било доста популарно во северна и централна Европа, а посебно во Германија.

Коментари

Популарно