Димитар Андоновски има голема причина за честење: Радост во семејството на пејачот

Македонскиот пејач Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина, пред три години ја дочекаа нивната најголема среќа во животот. Пред точно три години се остварија во улога на родителите. Се родни нивниот прв син Михаил.

Од тој ден во нивниот дом радоста и среќата се на најголемо ниво.

Димитар е често активен на социјалните мрежи, па така често имаме прилика да видиме некој заеднички момент со семејството, како ужива во семејна атмосфера, посебно со синчето кое е негова најголема радост.

Пејачот досега неколку пати има споделено на социјалната мрежа Инстаграм како неговиот син пее на микрофон, а дали ќе го наследи неговиот татко се уште е рано за предвидување.

Овие денови семејството на Димитар имаше прекрасен повод за славење. Нивниот син Михаил го прославуваше третиот роденден во една игротека.

По повод роденденот на Михаил, пејачот на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со сопруга и синот, а во описот на истата напиша;

„Пред 3 години Бог ни го подари најголемиот Благослов, ни ја даде смислата на животот. Ти благодарам Господе што го имаме најпрекрасниот син на светот. Среќен роденден Михаил“.

Од фотографиите можеме да забележиме дека синот на пејачот имал убав роденденски ден исполнет со убава енергија, желби и со многу љубов.

Ние му пожелуваме среќен роденден на Михаил, да е жив и здрав, голем да расте.

Коментари

Популарно