Денеска не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до 7, а дневната од 4 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 12 степени.