Докторите се борат за животот на српската пејачка Инди: Таа се огласи од болница – „Тешко дишам“

Српската пејачка Индира Арадановиќ на почетокот на март замина на операција за намалување на желудникот, а сега се наоѓа на интезивна нега и се бори за живот, пишува телеграф. рс

Нејзината сестра, Едита Арадиновиќ раскажа низ какво трауматично искуство поминува Инди.

„Замина здрава на операција на желудникот (операцијата беше поради естетски причини), по три дена требаше да излезе од болница и да биде дома со своето семејство. И се ова немаше да биде толку драматично колку што е лоша состојбата надвор. Ја оперираше доктор од кој во ниту еден момент немавме поддршка и помош. Тој неколку дена по нејзината операција истакна дека не знае која е причината за нејзините повраќања. 11 дена лежеше во болница, а потоа беше пуштена на домашно лекување со уште поголеми маки и висока температура“ вели Едита и продолжува:

„Втора ноќ дома беше многу тешка. Ја однесов во една приватна клиника во Белград каде примаше инфузија за да ја преживее ноќта бидејќи нејзиниот желудник не можеше ни вода да прима. Сфатвиме дека не можеме да ја лекуваме дома, бидејќи почна да губи сила“.

„Кога и направија гастроскопија, видоа дека сонадата не поминува. Следниот чекор е операција каде видоа дека има воспаление на панкреасот и слезината. И ја отсранија слезината, и ставија „бајпас“ и го скратија желудникот. Од тогаш почнува агонијата. Почнаа да ни се јауваат луѓе кои биле оперирани кај истиот доктор, се лекувале со месеци, а едно момче и го изгубило животот“ вели Едита.

„Таа беше на полаинтезивна нега, па по неколку дена повторно ја пуштија дома, откако успеа да стане од кревет и да јаде малку супа. Тоа беше на 2 април. Меѓутоа, на 3 април температурата повторно почна да и се качува, почна да чувствува болка во белите дробови бидејќи доби вода во нив“.

„Моментално е на интезивна нега и во овој момент се борат за нејзиниот живот. Се размислуваат за уште една операција, но ние се молиме да не биде така и нејзиниот организам да ги прифати лековите бидејќи секоја операција е ризична. Се уште нема јадено. Нема ни спиено. Никој не и гарантира кога ќе биде добро. Никој не очекуваше“.

Инди се огласи за телеграф.рс и откри каква е нејзината здравствена состојба.

„Се трудам да бидам подобро. Имам терапии, лежам, се одмарам, тешко ми е да зборувам. Имам вода во белите дробови поради тоа тешко дишам…“ изјави Инди.

Taa додава дека докторите се размислуваат за нејзина операција, но се надева дека тоа нема да се случи.

„Тие немаат конкретна прогноза, следиме како се однесува мојот организам. Докторите се оптимисти, тоа е многу важно бидејќи ми даваат надеж, па така сум помирна“ додава пејачката.

Коментари

Популарно