Филипче: Можен карантин за Чаир, Сарај, Тетово, делови од Штип, рано е границите да се отворат

Можно е ставање под карантин и воведување полициски час во одредени општини каде расте бројот на заболени од ковид-19, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

– Комисијата за заразни болести размислува да стави во карантин одредени скопски општини каде бројот на заболени постојано се зголемува и делови од Штип. Се размислува за карантин за Гази Баба, Сарај, Тетово, делови од Штип, но и за враќање на полицискиот час по општини, За ова ќе се решава во текот на оваа недела –  изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој кажа и дека неделава ќе се разговара и за отварање на границите.

– Да не избрзуваме со одлуката за отварање на границите, иако кластерите се под контрола. бидејќи тоа е дополнителен ризик и кон околните земји, ако патуваат луѓе од региони во кои има повеќе пацинети кај нас, а и при враќањето секако. Патувајќи, расте ризикот од појава на случаи кои, на некој начин, би го донеле вирусот од некоја соседна земји. Имаме  зголемување на бројот на заразени со вирусот, па и соседите ќе ја гледаат таа бројка и не е коректно и за нив. Разговарав денеска со бугарскиот колега Ананиев за ова, а  имаме цела недела пред нас да дискутираме за отварање на границите – рече Филипче.

Министерот изјави дека треба да се објават петте конфекциски фабрики во Штип, а дека деновиве ќе се тестираат 600 вработени во овие фирми, откако вирусот се прошири и кај дел од овие вработени.

Коментари

Популарно