Граѓаните победија: Се запира воведувањето на 5Г мрежа!

Хрватскиот град на море, Хвар, го запре вовеувањето на 5Г технологијата додека не се докаже дека таа технологија нема негативно влијание врз луѓето и околината, а тоа беше објавено на 4 јуни на официјалната интернет страница на градот.

Градското собрание едногласно ја усвоило одлуката за базните станици од телекомуникациската инфраструктура и воведувањето на 5Г технологијата, со која се запира воведување на истата.

Работна група во следните шест месеци ќе прави различни тестови со 5Г технологијата, по која ќе види дали тоа штетно влијае врз луѓето.

Земени се во предвид досегашните истражувања, кои ги направи Светската здравствена организација, по што била донесена оваа одлука.

Коментари

Популарно