(Фото) Водителката ужива на Бали, а нејзините голи нозе бодат очи и на нејзините следбеници

Македонската водителка Лила Филиповска овие денови се одмара на егзотична дестинација на индонезискиот остров Бали.

Таа на следбениците им откри дека втор пат се враќа на овој остров и дека само еднаш не и било доволно.

Лила иако објавува фотографии кои оставаат многумина без здив, објави и една фотографија која им „боде“очи на многумина.

Имено станува збор за фотографија на која позира во црвено бикини со своја блиска пријателка легната на лулашка, а она што многумина го забележаа беа нејзините нетипично издолжени нозе.

Во меѓувреме и дел од следбениците во коментари ја запрашаа водителката што и се случило со нозете и дали таа ги издолжила на фотошоп?

„Комшооо со ноџињата шо праиме?“, е еден од коментарите под нејзината фотографија.

Коментари

Популарно