Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва на полноќ се зголемува за 2 денари, и ќе изнесува 85 денари по литар.
Цените на ЕУРОСУПЕР 98 и на ЕУРОДИЗЕЛ остануваат непроменети, односно 85,5 денари и 76 денари по литар.
Остануваат непроменети и цената на екстра лесното масло (75 денари) и цената на мазутот (43,8 денари).