Битолчанец со пушка пукал во куче на Широк Сокак

Битолчанецот З.Л (63) од својот дом на улицата Широк Сокак со воздушна пушка пукал во куче скитник, соопштуваат од СВР Битола. Полицијата му ја одзела воздушната пушка, а по известувањето на јавен обвинител ќе биде поднесена и соодветна пријава кон битолчанецот.

На Широк Сокак, најпрометната улица за пешаци во Битола има голем број на кучиња скитници и голем дел од пријавите за каснување на луѓе се токму од таа улица.

Општина Битола лани исплати 123.952 евра по тужби на граѓани за каснати од кучиња скитници. За три години дури за седум пати пораснал износот на пари што Општината ги исплатила по тужби од граѓани. Во 2022 година биле платени 2.885.115 денари (46.912 евра), а во 2021 година 1.129.000 денари (18.350 евра).

Ова не е прв случај за пукање со пушка  во кучиња скитници во Битола

Коментари

Популарно