Убиен бостонскиот атентатор, вториот е во бегство!

Бостонската полиција уби еден од осомничените за нападот на бостонскио маратон.Во вооружена пресметка со бостонската полиција, убиен е 26 годишниот Тамерлан Царнаев  по потекло од јужна Русија во близина на границата со Чеченија. Додека неговиот помлад брат 19 годишниот Џохар А. Царнајев  се уште е во бегство, известува “Њујорк Тајмс“. Овие две лица се осомничени дека ги поставиле бомбите на бостонскиот маратон.

Терористите се снимени на Бостонскиот маратон

Тоа го потврди и “Раша тудеј“ кои јавуваат дека браќата потекнуваат од Чеченија.

Коментари

Популарно