ВИДЕО: Пресметка помеѓу бостонската полиција и терористите

На аматерската снимка која се појави на интернет може да се види огнената пресметка помеѓу бостонската полиција и терористите, браќата Царнајеви од Чеченија .

Во пресметката загинале еден полицаец и еден од терористите, постариот Тамерлан 26 год  , додека помладиот Џохар успеал да избега на полицијата и се уште е во бегство. Настанот се случил во местото Вотертаун во близина на Бостон.

Потрагата по избеганиот терорист се уште е во тек. Властите ги затворија сите улици за саобраќај, а на населението е наредено да се затворат и да не излегуваат од свите домови.

Коментари

Популарно