ФОТО: Уапсен е вториот осомничен бомбаш

Вториот осомничен бомбаш 19 годишниот Џохар Чарнаев по опсежната акција конечно е уапсен од специјалните единици во Бостон, јавуваат американските медиуми.

Тој беше блокиран од полицијата и специјалните единици на ФБИ во бостонското предградие Вотертаун, по што беше уапсен.

Царнаев беше откриен во чамец, во задниот двор на една куќа од предградието, благодарение на будноста на локален жител кој врз чамецот видел крвави траги и веднаш ја повикал полицијата.

-При приведувањето тој покажа активен отпор, односно почна да пука по полицијата. Во целина бостонската полиција во оваа операција дејствуваше блескаво, изјави комесарот Едвард Дејвис.

Осомничениот Царнаев е хоспитализиран со две тешки повреди на вратот и ногата, а неговата состојба се оценува за критична.

За едно деноноќие тој два пати влезе во престрелка со полицијата. Првиот пат вчера во кампусот на унизверзитетот во Масачусетс. Тогаш загина неговиот поголем брат, 26-годишниот Тамерлан Царнаев, за кого, исто така, се претпоставува дека учествувал во организирање на експлозиите, како и еден локален полицаец. Вториот пат Царнаев отвори оган врз полицијата при обидот да биде приведен.

Претседателот Барак Обама ноќеска имаше кусо обраќање кон нацијата кога соопшти дека наредил да се употребат сите ресурси на федералните службии за да се заврши истрагата.

-Се уште има многу прашања без одговор за експлозиите, вклучувајќи и тоа дали на двајцата мажи им помагале и други лица, забележа претседателот.

Непосредно пред крајот на операцијата во Вотертаун Обама разговараше со својот руски колега Владимир Путин, кој изрази жалење од името на рускиот народ за трагично загинатите луѓе во Бостон. Двајцата претседатели се договорија да продолжат заеднички да работат за безбедноста.

Жителите на Вотертаун останаа затворени во своите домови речиси цело деноноќие и по соопштувањето за фаќањето на Царнаев излегоа по улиците за да го прослават апсењето испраќајќи ги со аплаузи колоните воена техника, возила на брзата помош, полициските и пожарникарски

Колку се пукаше додека не беше уапсен

Коментари

Популарно